Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Во цената е вклучено :
Во цената не е вклучено:
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
Важно
1.Ден Петок 22.05.2026
Планирано поаѓање околу 22:30 часот. АГЕНЦИЈАТА е должна до два дена пред поаѓање да ги контактира пријавените патници за точно место и време на поаѓање зависно по градови. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2.Ден Сабота 23.05.2026
Пристигнување во манастир Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, изидигнад над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетители од сите религии и нации и се верува дека моштите на Свети Василиј Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот,слободно индивидуално време и можност за факултативно крстарење до островот Св.Стефан. Сместување во апартмани. Ноќевање.
3.Ден Недела 24.05.2026
ЗАДОЛЖИТЕЛНО Факултативен целодневен излет Дубровник со вклучен траект на заливот Бока Которска. Пристигнување во Дубровник во предпладневните часови, прошетки низ Стариот град Дубровник, Страдун, Тврдината итн. Во попладневните часови враќање за Будва. Ноќевање.
4.Ден Понеделник 25.05.2026
Одјавување од апартманите. Поаѓање за Котор, разглед на еден од најубавите градови на Црногорското приморје, прошетки во стариот дел од градот. Откако ќе направиме убава обиколка и ќе се прошетаме во Котор, во договореното време групата се упатува кон пристанишниот град кој многумина го споредуват со Монако, градот Тиват и Порто Монтенегро место каде што ужива и одмара светскиот џет-сет. Во договорено време состанок со групата и поаѓање кон Македонија. Денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.
Цена со рана уплата до May 1, 2026
99 ЕУР / Лице
Целосна цена
129 ЕУР / Лице
4 dena
May 22, 2026
May 25, 2026
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070