ЕРУСАЛИМ ВО СЕПТЕМВРИ, ИЗРАЕЛ

Актуелно патување

ЕРУСАЛИМ ВО СЕПТЕМВРИ
ЕРУСАЛИМ ВО СЕПТЕМВРИ ЕРУСАЛИМ ВО СЕПТЕМВРИ
ЕРУСАЛИМ ВО СЕПТЕМВРИ ЕРУСАЛИМ ВО СЕПТЕМВРИ

ЕРУСАЛИМ 24.09 - 29.09

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

Цената вклучува:

  • Повратен авионски билет СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ - СОФИЈА,
  • Аеродромски такси
  •  Превоз од Скопје до аеродромот во Софија и обратно аеродром Софија до Скопје.
  • Сместување во Хотели со 3* на база полу пансион (појадок и вечера) - 5 ноќевања.
  • Сите трансфери према програмата во модерен туристички автобус.
  • сите влезници за местата кои се посетуваат согласно програмата.
  • Водич  на групата за време на целиот престој во Израел.
  • Техничко водство / Пратител на групата.
  • За целото патување ќе бидеме придружувани од Свештено лице.
  • Туристичка такса

План за патувањето

1 Ден : СКОПЈЕ – СОФИЈА 23.09

Состанок  на групата пред хотел Континентал во Скопје во 22.00 часот. Трансфер до аеродромот во Софија.

2 Ден : СОФИЈА – ТЕЛ АВИВ –ЛИДА –СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ- ВИТЛЕЕМ – МАНАСТИР СВ. НИКОЛА – ЈУДЕЈСКА ПУСТИНА – МАНАСТИР СВ. ТЕОДОСИЈ ВЕЛИКИ – МАНАСТИР СВ. САВА ОСВЕШТЕН – ПОЛЕ НА ПАСТИРИТЕ – ЦРКВА РОЖДЕВСТВО ХРИСТОВО  24.09

 

Пристигнување на аеродромот во Софија. Лет за Тел Авив рано наутро во 05. 55 часот по локално време. Пристигнување на авионот  во Тел Авив во 08. 25 часот по локално време. По пристигнувањето и по царинско-пасошките формалности се упатуваме на паркингот каде што ќе не чека превозникот  кој што ќе биде со нас сите денови. Се упатуваме кон Витлеем (градот на лебот) во хотелот каде што ќе се сместиме и по краток одмор ќе  започнеме со посета и разглед  на светите места.

Прво место кое што ќе го посетиме е манастирот Св. Никола во Бет Џала. Во овој манастир се чуваат мошти од овој голем светител а во криптата на манастирот се наоѓа пештера во која се подвизувал. Потоа се упатуваме кон Јудејската пустина, каде што најпрво ќе го посетиме манстирот Св. Теодосиј Велики, кој е подигнат на местото каде што мудреците одмориле кога се враќале, откако се поклониле на Богомладенецот Христос. Потоа ќе ја посетиме Великата Лавра Св. Сава Освештен, еден од најзначајните манастири во христијанскиот свет од 5 век. Во овој манастир престојувал и Св. Сава Српски за време на неговата посета во Светата Земја. Овој манастир се наоѓа во срцето на Јудејската пустина и претставува вистинска духовна оаза низ која тече потокот Кедрон. Во манастирот е дозволено да влезат само мажи, додека жените,  на тремот кој е пред манастирот ќе имаат прилика да се поклонат на светите мошти кои се изнесуваат од манастирот и ќе слушаат за неговата историјa. Потоа се упатуваме кон полето на пастирите, каде Ангел Господов им ја јавил радосната вест на пастирите дека се родил Богомладенецот Христос. На крајот се упатуваме во црквата на Рождевство Христово, каде што  во пештерата се поклонуваме и го бакнуваме местото на раѓање на Господ Исус Христос, како и местото каде што Пресвета Богородица го положила во јасли Богомладенецот. 

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање

 3 ДЕН: ВИТАНИЈА – ГРОБОТ НА ЧЕТИРИДНЕВНИОТ ЛАЗАР – МАНАСТИР СВ. МАРТА И МАРИЈА – ЈЕРИХОН - МАНАСТИР НА ИСКУШЕНИЈАТА – МАНАСТИР СВ. ПРОРОК ЈЕЛИСЕЈ – МАНАСТИР СВ. ГЕРАСИМ ЈОРДАНСКИ  - МРТВО МОРЕ  25.09

 

 Појадок. Потоа се упатуваме кон Витанија, во посета на гробот на четиридневниот Лазар, којшто беше воскреснат од Господ Исус Христос и манастирот посветен на Св. Марта и Марија, сестрите на Лазар. Потоа се упатуваме кон Јерихон, најстариот град во светот кој се наоѓа на палестинска територија и се наоѓа на 258м надморска височина под морското ниво и е најнискиот град во светот. Разгледот го продолжуваме со пешачење,  се упатуваме кон манастирот на Четириесетницата (Искушението), каде Господ Исус Христос веднаш  по крштевањето, 40 дена се подвизувал на ова место и бил три пати искушуван. Најсвето место во овој манастир е каменот на којшто стоел Господ Исус Христос додека ѓаволот го искушувал. Продолжувамe со посета на манастирот на Св. Пророк Јелисеј, каде што се наоѓа Закхејевото дрво, на кое се качил овој покајан цариник за да го види Господ Исус Христос. На крајот од денот го посетуваме манастирот на Св. Герасим Јордански, кој се наоѓа на Јорданската обала. Овде се наоѓа пештерата во која, Пресвета Богородица, Јосиф и Богомладенецот ја поминале ноќта додека бегале за Египет. Тука се наоѓа една од најубавите икони на Богородица Млекопитателница. 

Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање. 

4 ДЕН: ГАЛИЛЕЈА – МАНАСТИР СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ТАВОР) – НАЗАРЕТ – МАНАСТИР БЛАГОВЕШТЕНИЕ – КАНА ГАЛИЛЕЈСКА  РЕКА ЈОРДАН – МАНАСТИР НА 12 АПОСТОЛИ 26.09    

 

Појадок. Се упатуваме во Галилеја. На овој разглед, ќе  ја посетиме  гората Тавор и манастирот посветен на Преображението Христово. Овде Господ Исус Христос се преобразил пред своите тројца апостоли: Петар, Јован и Јаков. По посетата на гората Тавор се упатуваме во Христовиот град Назарет, во манастирот на Св. Архангел Гаврил (Благовештение) каде што и се јавил на Марија дека ќе го роди Спасителот на светот и местото на бунарот каде што се случило тоа. Од Назарет се упатуваме во Кана Галилејска, за да ја посетиме црквата на Св. Великомаченик Ѓеоргиј,  подигната на местото на првото Христово чудо (претварањето на водата во вино на свадбата на Симон Зилот), каде што  ќе ги видеме оригиналните садови. Потоа се упатуваме во Јерданит на реката Јордан, кадешто се верува дека тоа е автентично место на крштевањето Господово. Овде симболично сите посетители се потопуваат,  од страна на свештеникот, во светите води на Јордан и добиваат сертификат за крштевање. Потоа се упатуваме кон Гората на Блаженствата каде што ќе ги прочитаме блаженствата од Евангелието според Матеј, изречени на ова место. Го посетуваме прекрасниот манастир на 12 Апостоли на крајбрежјето на Галилејското море.

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.  

5 ДЕН: ЦРКВА РОЖДЕВСТВО ХРИСТОВО – РУСКИ ГОРНЕНСКИ МАНАСТИР – СТАРИОТ ГРАД ЕРУСАЛИМ – СТРАДАЛЕН ПАТ (VIA DOLOROSA) – ЦРКВА НА ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО  27.09

 

Рано наутро одиме на литургија во црквата на Раѓањето Христово. Потоа се упатуваме во рускиот горненски манастир во Еин Карем, родното место на Св. Јован Крстител, како и во манастирот посветен на Чесниот Крст, кој е изграден на местото каде Аврамовиот син Лот го посадил дрвото на Покајанието од кое дрво покасно неколку века римјаните ќе го направат Крстот на кој е распнат Господ Исус Христос. Најисточна капија на северниот горен ѕид се вика Иродова капија бидејќи таму била куќата на Ирод. На исток се наоѓа Лавјата Капија и таа е најзначајна бидејќи преку таа капија се влегува во улицата на страданието. Капијата има и друго име, Св. Стефан, бидејќи пред таа капија е каменуван Св. Стефан. Овие градски зѕидини се од 16 век. Кога ќе поминеме преку Лавјата Капија, оддесно влегуваме во црква која е изградена на местото каде што се родила Пресвета Богородица и местото на кое се верува дека се упокоиле Јоаким и Ана. Потоа го посетуваме Православното светилиште каде што се наоѓа Христовиот затвор. Продолжуваме со одење по страдалниот пат по којшто одел Господ Исус Христос кон Голгота носејќи го својот крст. Овој пат има околу 1 000 чекори и 9 места на застанување кои се на отворено,  додека другите 5 се внатре во црквата на Христовото Воскресение. Влегуваме во црквата на Воскресението Христово и веднаш доаѓаме до плочата на миропомазанието на која светите Јосиф и Никодим го положиле безживотното тело на Господ Исус Христос и го помазале со свето миро. И ден денес од оваа плоча излегува свето миро. Ги посетуваме параклисите на Трновиот венец на местото каде што  е бичуван Христос и Адамовиот гроб кој се наоѓа веднаш под Голгота. Следно место за посета е параклисот Калвари или Голгота и таму се наоѓа точното место каде е забоден крстот. Таму ја бакнуваме 12 краката звезда, место на кое Господ Исус Христос е симнат од крстот. Го посетуваме параклисот на царица Елена, мајката на Светиот цар Константин, подигната на местото кадешто царица Елена во 4 век го пронашла Чесниот Крст. Ги посетуваме параклисите на Св. Лонгин Стотникот, Марија Магдалена и главната црква или Каталикон (центар на светот). Во средиштето на црквата Христово Воскресение се наоѓа Христовиот гроб или Кувуклија.  

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање. 

6 ДЕН: СИОНСКА ГОРА  СТАРИОТ ГРАД ЕРУСАЛИМ 28.09

 

Појадок. Се упатуваме кон Маслиновата Гора. Го посетуваме седиштето на Руската Православна мисија во Светата Земја манастирот на Вознесението Христово. Во склоп на овој манастир се наоѓа параклисот на Отсекување на главата на Св. Јован Крстител кој е подигнат на местото каде што е пронајдена неговата главата. Го посетуваме местото и стапалката од каде се вознел Господ Исус Христос на небото. Можност за прекрасен поглед и фотографирање. Разгледот го продолжуваме  со црквата Оче Наш, која е напишана на многу светски јазици. Потоа го посетуваме прекрасниот руски манастир посветен на Марија Магдалена, каде се чуваат светите мошти на руската кнегиња Елисавета Федоровна. Се упатуваме во црквата на Св. Архиѓакон Стефан изградена на местото на неговото страдање. Попатно ја посетуваме Гетсиманската градина каде што  Господ Исус Христос се молел со најтешката молитва и каде што е фатен. Потоа се упатуваме кон црквата на Успение на Пресвета Богородица. Во оваа црква се наоѓа гробот на Пресвета Богородица и чудотворната икона Богодорица (Ерусалимска), како и кивот со моштите на Светиот Јоаким и Праведниот Јосиф.  Потоа ќе ја посетиме  собата на Тајната Вечера, каде Господ Исус Христос ја востановил Светата Евхаристија. Се упатуваме во посета на рускиот манастир Св. Александар Невски и ќе поминеме преку Иглените уши, место кое се споменува во Светото Писмо во расказот за младиот богат човек. Доколку има можност и услови ќе одеме на прием кај Неговата Светост Патријархот Ерусалимски Теофил 2. Потоа повторно ги посетуваме најголемите Светињи во Ерусалим. 

Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање. 

7 ДЕН : 29.09

Одјавување од хотел и трансферкон аеродромот Бен Гурион.Пристигнување во Македонија во попладневните часови.

Цена со рана уплата до May 30, 2025

999 ЕУР / Лице

Целосна цена

1199 ЕУР / Лице

6 dena

Sept. 24, 2025

Sept. 29, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070