КИПАР ВО ОКТОМВРИ, КИПАР

Актуелно патување

КИПАР ВО ОКТОМВРИ
КИПАР ВО ОКТОМВРИ КИПАР ВО ОКТОМВРИ
КИПАР ВО ОКТОМВРИ КИПАР ВО ОКТОМВРИ

КИПАР 09.10 - 13.10.2025

Пријатен и удобен транспорт.

Професионална и културна придружба во секој момент.

Одлична понуда, која не се пропушта.

Подетални информации за целокупното патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

 

-Автобуски трансфер  Скопје – Солун – Скопје

-Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун

-Аеродромски такси

-Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

-Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;

-Сместување во хотел на база 4 ноќевања со појадок во хотел 3* во Ларнака  

-Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

 

-Доплата за кабински багаж до 10кг (55 x 40 x 23 cm) – информации во агенција

-Влезници за локалитети и карти за локален превоз

-Патничко осигурување 300,00 денари

-Факултатива-НИКОЗИЈА-40е

-Туристичка такса 2 еур по лице од ден

-Индивидуални трошоци

План за патувањето

Прв ден 09.10.2025 (четврток)

Состанок на групата и автобуско поаѓање за Солун во 12 часот попладне. Полетување во 20:30, а пристигнување во 22:30 во Ларнака. Сместување во хотелот. Ноќевање.

 

 

Втор ден 10.10.2025 (петок)  

Појадок. Посета на Famagusta и Salamis.Ова патување ве води до прекрасниот крајбрежен град Фамагуста и познатиот „град на духови“ Вароша. Уживајте во слободното време во центарот на Стариот град на Фамагуста и тоа се венецијанските ѕидини. Прошетајте наоколу или посетете ја готската црква Свети Никола и замокот Отело  или искористете го слободното време за ручек.Посетете го манастирот Свети Варнава (по избор) и античкиот град-кралство Саламис.Искористете ја единствената можност да прошетате во новоотворениот дел на Вароша, познат и како „Градот на духовите“. Уживајте во слободното време на Златната плажа Фамагуста.  Заминување за градот Аја Напа. Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центарна Кипар, со многу сонце, кристалночистоморе и прекрасни пејзажи. Некогаш имало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар.Друго име му е и„втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот. Бројните ресторани, барови дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажи, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км и Nissi Beach – долга 2км.Враќање во хотел.Слободни активности. Ноќевање.

 

Трет ден 11.10.2025 (сабота)- Никозија 40е

Појадок. Упатување кон Никозија. Главниот град Никозија или Лефкозија и најголем град на островот е единственот во светот кој припаѓа на двете држави и главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео. Во северниот дел на градот кој се наоѓа во Р.Турција, некогашната црква Аја Софија која е претворена во џамија по име Селими Џамија, посета на делот од градот полн со автентични продавнички, ресторани, пазари, Бујук Хан – затворениот пазар, изграден во 1572 год кој е сеуште одлично сочуван и е главна туристичка атракција.

 

Четврт ден 12.10.2025 (недела)

Појадок.Слободен ден за уживање на некоја од плажите во Кипар или предлог посета на Пафос. Градскиот центар е сместен на неколку километарскиот морски брег, го красат убави плажи и преубаво шеталиште покрај марината.

 

Петти ден  13.10.2025 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за слободни активности. Во 12:00 трансфер за до аеродром. Полетување во 14:35, слетување во Солун во 16:45. Трансфер од Солун до Скопје.

Цена со рана уплата до May 30, 2025

399 ЕУР / Лице

Целосна цена

459 ЕУР / Лице

5 dena

Oct. 9, 2025

Oct. 13, 2025

Резервациите се во тек...

+389 75 446 070