Актуелно патување
Пријатен и удобен транспорт.
Професионална и културна придружба во секој момент.
Одлична понуда, која не се пропушта.
Цената вклучува:
-едно ноќевање во вила во Паралија
-пратител за време на патувањето
-автобуски превоз
Цената не вклучува:
-патничко осигурување
-туристичка такса (1 евро по лице од ден)
-3 евра влез во манастирите на Метеори
Ден 1 (17.05) - Сабота
Собир на групата пред хотел Континентал во 04:00. Поаѓање кон Солун. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Солун, посета на храм Св. Димитрија Солунски, посета на плоштад Аристотел. Слободно време за слободни активности (можност за крстарење со вклучен пијалок - 7 евра), посета на Бела Кула (влез 6 евра). Во попладневните часови се упатуваме кон Паралија. Сместување. Ноќевање.
Ден 2 (18.05) - Недела
Одјавување од вилите. Тргнување кон Метеори. Попатна посета на фабриката за рачна изработка на икони. Се упатуваме кон посета на големиот Метеор (Св. Преображение). Манастирот Преображение Господово/Христос, познат и како Велики или Велики Метеорон, е најголемиот од шесте активни православни манастири на Метеора , Грција. Се наоѓа на највисоката (613 м надморска височина) и најголема во областа вертикална карпа на Метеорите (6 хектари), северозападно од манастирот Варлаам и северно од Свети Никола Анапавсас . Од страната на искачувањето, висината е 215 м, а до влезот на манастирот водат 115 скалила. До 1923 година, искачувањето се вршело со помош на скали од јажиња или мрежа влечена со макара од врвот. Потоа се упатуваме кон манастир Варлам кој е втор по големина. Манастирот Свети Варлаам е источно православен манастир кој е дел од манастирскиот комплекс Метеори во Тесалија, централна Грција. Сместено е на врвот на карпеста пропаст што е 373 метри над дното на долината. Основана е во 1517 година. Змејската пештера се наоѓа на југ, под манастирот. По посетата на манастирите се упатуваме на пауза за ручек. Тргнување кон Македонија во попладневните часови.
Цена со рана уплата до May 12, 2025
60 ЕУР / Лице
Целосна цена
80 ЕУР / Лице
2 dena
May 17, 2025
May 18, 2025
Резервациите се во тек...
+389 75 446 070